Современата технологија ни даде можност да уживаме во истражувањето на најоддалечените места на планетата, како да сме биле таму. Едно од тие места е и Петра, што во превод значи карпа. Оваа поранешна престолнина на Набатејското царство се наоѓа во југозападниот дел на Јордан, на 80 км јужно од Мртво Море, во близина на градот Вади Муса.

Поранешните жители на овој град живееле многу удобно. Нивниот град се наоѓал на патот помеѓу Индија и Африка, па затоа бил идеален за размена на свила и зачини. Со текот на времето, беа пронајдени многу алтернативни патишта, така што се намали бројот на посетители, и важноста на градот. Кога царот Трајан ја освоил Петра во 106 година пред н.е., тој станал дел од римската провинција Арабија. Западниот свет не знаеше за постоењето на Петра сè до 1812, кога ја  откри Швајцарецот Јохан Буркарт. Оттогаш, таа не престана да ги фасцинира секој што ќе ја посети.

Градот има околу 800 згради и во видеото може да се видат Гробницата на обелиск, Улица на фасадите, Театар, фреските на Византиската црква, Кралските гробници, Мала Петра…