Истрага во Министерството за правда околу обиди за поништување на резултатите од претседателските избори во САД

51

Генералниот инспектор на Министерството за правда на САД, Мајкл Хоровиц, соопшти денеска дека е започната истрага за можно влијание врз претседателските избори кои се одржаа минатата година во ноември.

Планирано е да се истражи дали актуелни или поранешни службеници во Министерството биле вклучени во обиди да влијаат врз резултатите од изборите.

Истрагата нема да ги опфати другите служби и министерства.

Истрагата започна откако „Њујорк тајмс“ објави дека поранешениот заменик јавен обвенител, Џефри Кларк, разговарал со поранешниот претседател Доналд Трамп во врска со смена на вршителот на должност јавен обвинител.

Меѓу водечките луѓе во Министерството, Кларк поттикнувал сомнеж во сертификацијата на резултатите од страна на изборниот колеџ и ја промовирал идејата на Трамп дека изборите се фалсификувани. Претседателот потоа го смени Џефри Розен од позицијата вршител на должност јавен обвинител и на негово место е поставен Кларк.

Барање за ваква истрага дојде од Чак Шумер, демократски лидер на мнозинството во Сенатот, кој во саботата изјави дека „е несфатливо како може лидер во Министерството за правда на Доналд Трамп да прави заговор за поништување на волјата на народот“.

Ова е втора истрага поврзана со напорите на службеници од поранешната администрација за промена на резултатот од изборите.

Хоровиц претходно започна увид во тоа дали официјални лица на Трамп незаконски го притиснале Бјанг Пак, обвинител на САД од Атланта, да преземе чекори за поништување на резултатот од изборите во оваа сојузна држава.

По притисокот од Белата куќа да го стори тоа, Пак поднесе оставка.

Извор:МИА