Холандската ракометна репрезентација пред две години беше дебитант на едно големо натпреварување, а денес, на второто учество на еден Европски шампионат, „лалињата“ се пласираа меѓу дванаесетте најдобри, откако во силната група со Исланд, Португалија и Унгарија впишаа две победи и еден пораз и за сметка на Унгарија и Португалија продолжуваат во главната групна фаза. Во решавачкиот натпревар во Будимпшешта, Холандија ја совлада Унгарија со 32:31 (17:13).

Најефикасен кај Холандија беше Смитс со осум гола, а седум погодоци кај Португалија постигна Виктор Итуриза. По 17. место пред две години во Австрија, Шведска и Норвешка, ова е најголем успех на холандскиот ракомет во историјата. Им следи главна групна фаза и дуели со Црна Гора, Франција, Данска и Хрватска.

Репрезентацијата на Исланд продолжи со перфектните партии на Европското првенство. „Рибарите“ во третиот меч од групната фаза славеја над Унгарија (31:30) и така го исфрлија еден од домаќините на континенталниот собир.

Феноменални кај победникот беа Елисон и Магнусон со по девет постигнати гола, ги следеа Гудјонсон и Кристијансон со по четири. Кај Унгарците најдобар стрелец беше Банхиди со шест, пред Шита со пет постигнати гола.

Германија убедливо славеше против Полска (23:30), иако немаше повеќе играчи кои беа отсутни поради коронавирус, па така во втората фаза оди со максимален учинок и лидерска позиција. Со оваа победа Германија пренесва максимален број на бодови, како и Шпанија и Русија, а Полјаците, заедно со Шведска и Норвешка се селат во Братислава без ниту еден освоен бод.