Историска победа на Академија ФМП против Работнички

88

Новиот кошаркарски прволигаш Академија ФМП, го приреди едно од најголемите изненадувања во историјата на македонската прва лига, откако го совлада Работнички со 87:83.

За ФМП ова е прва прволигашка победа во клупската историја, а за Работнички е прв пораз сезонава. Гостите од „Градски парк” беа подобри во првото полувреме, но младиот тим на домашните не се исплаши и имаше повеќе нерви во завршницата.

Во другите две денешни средби од шестото коло во првата лига, Куманово го победи Вардар со 81:70, а МЗТ Скопје Аеродром славеше во Битола против Пелистер со 89:84. Колото ќе финишра утре со дуелите МЗТ Уни банка – Еуро Никел и Гостивар – Кожув.