Кошаркарките на Бадел ја остварија првата победа во регионалната ВАБА лига, откако на гости славеа кај Бановичи со 70:57.

Ова воедно е и историска победа на еден македонски тим во женска конкуренција во ова натпреварување, а до неа „баделки“ дојдоа во рамки на 3. коло и благодарение на одличното издание на Ивана Кметовска која запиша 24 поени.

Одлична партија пружи и Александра Стојановска со 18 поени, како и Цветанка Димовска со 16 коша.