Врската меѓу два исти хороскопски знаци може да биде или совршена, или вистински пекол. Иако не сте идентични, ќе видите некои од вашите најдобри и најлоши особини кои се рефлектираат во вашиот партнер.

Овен-Овен
Кога ќе се сретнат два огнени знаци, често доаѓа до експлозија. Врската меѓу двајца припадници на знакот Овен може да биде непријатна ако дозволат често да се бодат со роговите. Но, ако дозволите вашата импулсивност да го инспирира вашиот партнер, вашиот однос може да биде функционален.

Бик-Бик
Овој пар може да биде сосема компатибилен, затоа што двајцата често можат да бидат домашни типови. Овие два земјени знаци ја претставуваат стабилноста кога се заедно. Ако се скараат, тоа најчесто е поради пари.

Близнаци-Близнаци
Односот меѓу двајца Близнаци може да биде исклучително возбудлив. Сепак, двајца припадници во овој знак не можат долго да издржат заедно.

Рак-Рак
Кога и вие и партнерот сте Рак можете да функционирате заедно само ако секој од вас прифати крај себе да има сензуална личност.

Лав-Лав
Врската помеѓу двајца Лавови тешко може да биде успешна, едноставно затоа што секогаш и двајцата ќе чувствуваат потреба да бидат главни. Рамнотежа може да се постави некое време, но вистинска еднаквост многу ретко.

Девица-Девица
Две Девици можат да имаат совршена врска. Секој од вас има големи очекувања од другата страна. Тоа понекогаш доведува до недоразбирања, но најчесто доведува до тоа едниот од вас да му помага на другиот да биде подобра личност.

Вага-Вага
Овие два хороскопски знаци можат да бидат заедно само ако двајцата сфатат за што вреди да се караат. Секој од вас сака хармонија, и во состојба сте да попуштите, отколку да се карате околу ситници. Вашата компатибилност зависи од тоа колку двајцата сте свесни за овој факт.

Шкорпија-Шкорпија
Вие сте идеални партнери во сексот, затоа што двајцата сте енергични и имате моќно либидо. Но, во долга врска може да имате проблеми, затоа што двајцата сакате да доминирате, па може да дојде до сурова борба за превласт.

Стрелец-Стрелец
Тешко дека два Стрелци ќе остварат стабилна врска, едноставно поради тоа што двајцата сакаат да се натпреваруваат, а се плашат дека другиот може да почне да им ја ограничува слободата. За среќа, двајцата се искрени еден кон друг, што може да ја ублажи природната неспоивост.

Јарец-Јарец
Врската меѓу двајца припадници на овој знак може долго да трае, затоа што двајцата сте свесни дека на другиот му треба живот и надвор од врската. Со оглед на тоа што го почитувате времето на партнерот и неговата работа, и вие и партнерот сте во состојба полека да зацврстите длабока врска во која делите заеднички вредности.

Водолија-Водолија
Иако можат да бидат одлични пријатели, кои се охрабруваат еден со друг да ги следат внатрешните поттици, токму тоа може да биде пречка во емоционалната врска.

Риби-Риби
На прв поглед може да изгледаат како пар кој одлично функционира. Заедно ги планираат своите соништа, но не ги остваруваат, и тоа станува тема на препукувања. Важно им е да не ја жртвуваат својата личност, до точка кога стануваат огорчени или инертни.