Истекува рокот за пријавување новороденчиња родени во 2021 година

96

Општина Аеродром потсетува дека на 31.03.2022 година истекува рокот за пријавување новороденчиња родени во 2021 година, кои ќе добијат по 8.000 денари еднократна парична помош.

Барањето за доделување еднократна парична помош може да се симне од општинската веб-страница преку линкот: http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.

Инаку, Општина Аеродром досега додели еднократна парична помош за вкупно 798 новороденчиња родени во 2021 година.

-Остануваме фокусирани на стимулирање на наталитетот, како и на грижата за нашите најмали и на подобрување на условите за нивен правилен раст и развој – нагласуваат општинските власти.