Испразнете го плакарот – направете ред!Не чувајте стара облека, стуткана, замирисана….

126

Празнете ги вашите плакари редовно. Прегледувањето на вашата гардероба секоја година е добар начин да го расчистите нередот во плакарот. Така, парчињата што не биле носени во последните шест месеци може да се чуваат за „втора шанса“. Од друга страна, оние што не сме ги носеле повеќе од дванаесет месеци ниту со „втората шанса“ веќе немаат свое место во плакарот. А, дали некогаш сте го доживеале ова? Се најдовте пред вашиот плакар, кој е преполн, само што не експлодирал, а сепак се чувствувате како да немате што да облечете! По навика ги облекувате првите четири парчиња облека што ќе ви дојдат на очи, со што сте подготвени за денот пред вас. Всушност, ова чувство е толку распространето што компанијата за селење „Мувинг“ спроведе анкета и резултатите се шокантни! Се чини дека носиме само 32 отсто од нашата гардероба секој ден. Останата гардероба чмае во плакарот.

Истражувањето, спроведено во 20 различни земји на 180.000 луѓе, покажува дека Французите ги носат само тие 32 отсто од облеката.

Другиот дел од гардеробите, фустани, блузи, кошули, маици, шорцеви, панталони… остануваат натрупани на дното на нашите плакари. Сигурно ви се случило дури и да најдете облека купена на попуст, од која немавте никаква корист, освен дека била на 70 проценти намалена. Иако бројките во Франција не се за пофалба, Русија и Шведска имаат поинакви резултати, бидејќи имаат помалку од 10 отсто неискористена облека.

Но, затоа постојат неколку совети како да се ослободите од непотребните купувања и натрупувања. Направете преуредување помеѓу двете сезони: помеѓу облеката за пролет и лето и облеката за есен и зима. Ако ја препакувате облеката сезонски, тоа ќе ве поттикне редовно да ја одложувате облеката и да го менувате нејзиното место. Овој трик ви овозможува парчињата од облеката да ги видите во ново светло и да замислите нов начин како да ги комбинирате. Препуштите се на оние најосновните парчиња облека: нема потреба да ставите 10 црни блејзери и осум пара фармерки и да ги заборавите. Оставете две. За да се ослободите од навиките за облекување, затоа подобро е да изберете две или три парчиња кои ќе ги носите според кројот, модата и материјалот.

Откако ќе ги сортирате вашите основни, сезонски и омилени парчиња, запрашајте се: „Можам ли да го носам ова парче на три различни начини?“. Ако одговорот е не, донирајте ја вашата облека во добротворни цели ако е во добра состојба или продадете ја. Но во секој случај ставете ред во плакарот! Тоа што не го носите само по себе фаќа лоша миризба, гардеробата е стуткана, а веќе ниту вие самите немате интерес да облечете, на пример некоја маица која поодамна не само што не е модерна, туку влече на некој начин и негативна енергија.