Брендон Морено испиша историја во УФЦ откако стана првиот Мексиканец кој го освои шампионскиот појас во лесна категорија. Тој со гушење од зад грб во третата рунда го победи Дејвесон Фигередо, а по натпреварот даде луд коментар.

  • Тоа е тој е*ен живот, напиша на социјалните мрежи Мексиканецот.

Во 2018 година, Морено, всушност, беше отпуштен од УФЦ по неколку последователни порази. Потоа се врати во 2019 година со реми против Аскар Аскаров во Мексико Сити, а од тогаш остана непоразен. Три последователни победи му донесоа борба против Фигередо во декември. Таа борба заврши нерешено, а потоа следуваше реванш, кој беше одработен викендов.

  • Не можам да верувам. Овој момент е толку посебен за мене. Секогаш се обидувам да го дадам максимумот, ова беше емотивен ден за мене. Почнувам да плачам затоа што тоа го чувствувам во дното на моето срце. Јас работев толку напорно за тој е*ан појас. Десет години сум во професионалниот спорт, 15 години се занимавам со овој него, а овој момент е толку посебен не само за мене, туку и за  сите луѓе околу мене кои ме поддржуваа на целото ова патување, емотивно говореше Морено.

Главната борба на УФЦ 265 спектаклот во Лас Вегас ја имаа Израел Адесања и Марвин Веторија. По пет рунди и со едногласна одлука на судиите славеше Адесања, кој не му дозволи на противникот ниту да се надева на триумф. Иако не успеа да го нокаутира, сепак Адесања држеше се во свои раце и со прецизни удари го држеше Италијанецот на дистанца.