Испечете го најдобриот и најздрав компир во рерна

706

Комирите на повеќето луѓе им се омилен оброк, ама многумина ги избегнуваат омилените бидејќи се приготвуваат со пржење.

Сепак, може да се усовршите во приготвување печени компири во рерна кои кога еднаш ќе ги вкусите никогаш повторно нема да помислите на пржени компирчиња.

Со правилна подготовка на висока температура, ќе добиете крцкав, реш печен компир, а притоа нема да употребите многу масло.

Потребно е:

  • 1 килограм компир
  • 1 лажица масло
  • сол и црн пипер по вкус
  • сода бикарбона

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови. Излупените компири исечкајте ги на парчиња, па варете ги во вода во која сте ставиле лажиче сода бикарбона. Нема потреба да ги варите повеќе од пет минути.

Исцедените компири ставете ги во плехот во кој ќе ги печете, попрскајте ги со сол и зачини по вкус и со една лажица маслиново масло. Измешајте ги убаво па распоредете ги во еден слој.

Печете ги 20 минути, извадете го плехот од рерна, превртете ги компирите па продолжете да ги печете уште 15 минути.