Исланд отвора Музеј посветен на Евровизија

54

Во август во Исланд ќе биде отворен музеј посветен на најголемиот светски музички натпревар. Идејата да се почести „Евровизија“ на овој начин дошла по големиот успех на филмот „Евровизија: Приказна за огнената сага“, така што немало дилема околу локацијата – музејот е во Хусавик.

Основачот и директор на Музејот за истражување Хусавик, Орлигур Хнефил Орлигсон, дошол до идеја за ваков музеј откако ги увидел позитивните реакции на луѓето на филмот на Нетфликс.

Филмот на Вил Фарел веќе една и пол година привлекува многу посетители во малиот град во Исланд, а Орлигур се надева дека со отворање на друго место што туристите ќе можат да го посетуваат, ќе го врати животот во заедницата кој значително замрел во текот на пандемијата на коронавирусот.

„По објавувањето на филмот, тимот зад Музејот за истражување и јас почнавме да бараме начини да ја искористиме оваа неверојатна можност да го ревитализираме градот и неговиот туризам по огромниот ќор-сокак предизвикан од пандемијата“, рече Орлигур.