Најскапата земја во Европа е Исланд, покажале најновите податоци на Европската статистичка служба – Евростат. Цените во таа земја минатата година биле дури 56 отсто повисоки од европскиот просек. Втора на листата е Швајцарија, а трета Норвешка.

Според објавеното истражување, најскапа меѓу 37 земји е Исланд со индекс 166, додека најевтина е Македонија со индекс 47

Пиците во исландски ресторан чинат околу 17, чаша вино околу 10, а пиво 7 евра. Вечера за двајца е околу 85 евра, шише вино во продавница е 17, а пакет јајца 5 евра.

Сепак, просечната бруто плата за постојано вработените во Исланд изнесува околу 4500 евра. Закупнина за помал стан во центарот на Рејкјавик е 1300 евра месечно.

Кога е во прашање нашиот регион, најскапа е Хрватска, каде водата чини околу 2,5 евра.

Словенија е на 19-то место, Црна Гора е на 30-то место, Босна и Херцеговина е на 34-то место, а Македонија е на 36-то место на листата на најскапи земји во Европа.