Исланд е најскапата земја во Европа, а Македонија е на 36 место на листата

137

Според најновите податоци на Евростат најскапа земја во Европа е Исланд. Цените во таа земја, минатата година биле дури 56 отсто повисоки од европскиот просек. Втора на листата е Швајцарија , а трета Норвешка.

За споредба, пијалок во исландски ресторан чини околу 17 евра, чаша вино околу 10, а пиво 7. Вечера за двајца пак е околу 85 евра, флаша вино во продавница е 17 евра, а пакет јајца е 5 евра.Сепак, просечната бруто плата на постојано вработени лица на Исланд е околу 4500 евра. Станарината на помал стан во Рејкавик е 1300 евра месечно.

Кога е во прашање регионот, пак најскапа е Хрватска, каде водата е околу 2,5 евра.

Словенија се наоѓа на 19 место. Црна Гора е на 30 место, а следи и Србија, БиХ се наоѓа на 34 место, a Северна Македонија на 36 место на листата најскапи земји.