Ракометните репрезентации на Холандија и Исланд одиграа атомски ракомет во 2. коло од групата Б на Европското првенство во Унгарија и Словачка, а после голема борба победата им припадна на „рибарите“ кои славеа со 29:28.

Гудјонсон беше најефикасен со осум погодоци, а Палмарсон втор стрелец со шест гола во тимот на Исланд. За Холандија уште еднаш Кај Смитс беше прв стрелец со 13 погодоци, а Бајенс постигна шест гола.

Унгарија потешко од очекуваното го скрши отпорот на Португалија и ја забележа првата победа на шампионатот со 31:30. Најдобар на паркетот беше Доминик Мате кој постигна осум погодоци и беше избран за МВП, а запазен настап со шест гола имаше и Лекаи. Кај поразените со по пет се истакнаа Соуса, Соареш и Родригес.

Австријците немаа сили за цел натпревар да ѝ парираат на подмладената Германија, па попуштија во завршницата и убедливо загубија со 34:29. Германија со две победи е пред втората фаза на Европското првенство, додека Австрија во последното коло ќе се бори да го избегне последното место со Белорусија. Само чудо може да ги спречи „панцерите“ да се пласираат во втората групна фаза, бидејќи треба да се исполнат невозможни фактори. Во исттата група Полска со победа од 29:20 над Белорусија обезбеди пласман во главната рунда на Европското првенство. Во оваа група Гермаија и Полска имаат по 4 бода и во последното коло ќе играат меѓусебе за осовување на врвот на табелата во групата, додека за избегнувањена фенерското место ќе се борат Австрија и Белорусија.