Исклучени од сообраќај 34 пијани возачи

125

Кај 32 возачи е утврдено присуство на алкохол во крвта, а двајца одбиле проверка, при акциската контрола што ја спроведе Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје.

– Сите 34 возачи се исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и поднесени им се мандатни платни налози – соопштиja од МВР.

Откриени се и 46 останати прекршоци за кои се издадени 31 мандатен платен налог и 15 прекршочни платни налози.