Исечено дрво без дозвола

76

Градските власти информираат дека изминатиот викенд пред деловниот објект на ТЦ „Мавровка“ од непознат сторител е исечено едно здраво дрво.

Тие велат дека крстосницата кај Судска палата е една од најзагадените точки во градот, а дрвото е исечено без одобрение од надлежните градски служби.

-Градските комунални инспектори го истражуваат случајот и сторителот ќе биде казнет-потенцираат од Градот и апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини.