Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“, утринава отстрануваат 13 дрва поради реконструкција на улицата „Орце Николов“, на потегот од раскрсницата со улица „Ленинова“ до раскрсницата со улица „Рузвелтова“, информира градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

„Дрвата кои се отстрануваат се стари и болни, со трули стебла, чии гранки удираат во станбените објекти кои се наоѓаат на улицата и претставуваат опасност за минувачите“, објави Богдановиќ.

Градоначалникот најавува дека отстранетите дрва наесен ќе бидат заменети со нови, висококвалитетни садници од видот Јавор.

Фото: Ѕ. Плавевски