Исак (не)реална желба

70

Лондонскиот премиерлигаш Арсенал се вклучи во трката по потписот на шведскиот интернационалец од редовите на шпанскиот прволигаш Реал од Сосиедад, Александер Иска. Популарните „топчии“ се во потрага по играч кој може да биде достојна замена на интернационалецот од Габон, Пјер Емерик-Обамејанг, а во договорот на Исак има и ослободителна клаузула која се активира со понуда не помала од 76 мил. фунти.