Познатиот хрватски ракометар Ирфан Смајлагиќ е новиот селектор на ракометната репрезентација на Босна и Херцеговина. Ракометниот сојуз веќе извесно време преговараше со Смајлагиќ. Опцијата беше да се остане на клупата четири години, но во заеднички интерес беше потпишан двегодишен договор.

Смајлагиќ на клупата на Босна и Херцеговина ќе го наследи Ивица Обрван, кој поднесе оставка, а привремен селектор беше Тони Чолина. Смајлагиќ во својата досегашна тренерска кариера ги водеше Египет, Сараево Босна, Замет, Загреб Локомотива, Чаковец, како и младинските селекции на Хрватска и Иран.

Како играч, Смајлагиќ освои бронза со Југославија во 1988 година и злато со Хрватска на Олимпијадата во Атина. Го освои златото и на Медитеранските игри во Франција.