Фолк-пејачката Ирена Спасовска е секогаш актуелна на социјалните мрежи. Овој пат таа објави фотографија во друштво на ќерка си Тамара. „Тами и мами“ стои во опсиот на фотографијата.

Фото: ФБ.

Ирена досега изјавила дека нејзината ќерка е многу музикална, но дека таа нема да ѝ се меша во изборот на професијата туку ќе и даде поддршка што и да одлучи.

Покрај заедничка особина за музикалноста, она што веднаш може да се забележи, е дека Тамара многу личи на мајка си. Имено за оваа фотографија тие имаат и сличен стил на фустани, но и иста боја на коса.