Вистинската драма во Бруклин продолжува, а овој пат во центарот на вниманието не е трејдот на Кевин Дурент. Американскиот новинар Рик Бучер ги откри деталите од преговорите со Кари Ирвинг, кој на првиот човек на Нетс му претставил неверојатни барања. Човекот кој го пропушти најголемиот дел од минатата сезона затоа што не сакаше да се вакцинира, сега отиде чекор понатаму. Имаше идеја да не игра повеќе од 20 натпревари во една сезона, дури и кога е целосно здрав и подготвен да се појави на паркетот!

-Џо Цаи се покажа како тежок преговарач, бидејќи максималниот договор за Кари Ирвинг не доаѓаше во предвид. Ми кажаа дека Кари има неверојатни барања за нов договор. Тој сакаше да игра помалку од 60 натпревари по сезона и никогаш да не игра два дена по ред затоа што го смета за нехумано, изјави новинарот Рик Бучер, кој добро ја познава ситуацијата во Бруклин.

Минатата сезона Ирвинг одигра само 29 натпревари во НБА, но причина за тоа не беше неговиот договор со тимот. Причината беше што не беше вакциниран, Ирвинг не можеше да игра на својот домашен натпревар, а исто така пропушти и бројни гостувања на Бруклин Нетс. Делумно поради ова, тимот го виде крајот и не се ни приближи до оправдување на очекувањата кои беа поставени на почетокот на сезоната.

И во текот на ова лето продолжија проблемите од претходната сезона. Тие пред се се однесуваат на трејдот на Ирвинг, но и на Кевин Дурант, кој засега е се поблиску до заминување.  За него е заинтересиран Бостон, а првата ѕвезда на тимот во меѓувреме се обидува да го смени тренерот и генералниот директор на Нетс.