Ѕвездата  во НБА-лигата, Кари Ирвинг, продолжува со активизмот надвор од теренот. Во последно време добива голем простор во медиумите, особено за своите вонсериски активности, како и во овој случај.

Кошаркарот на Бруклин реши да донира 1,5 милиони долари за секоја кошаркарка која одбила да игра во ВНБА во продолжение од сезоната.

  • Без разлика дали некое лице ќе одлучи да се бори за правда во општеството или да игра кошарка, да се фокусира на менталното здравје или повторно да се обедини со семејството, ќе ја добие нашата поддршка и се надевам дека ќе можеме да ја обезбедиме, истакна Ирвинг.

Средствата ќе бидат обезбедени од „Иницијативата за зајакнување на KАИ“, иницирана од Ирвинг, бидејќи тој имаше можност да разговара со кошаркарките кои се натпреваруваат во ВНБА лигата кои решија да ја пропуштат сезоната.