Ирвинг му даде куп пари на момче кое продаваше чоколади, Шекил ги шокираше сите (ВИДЕО)

151

НБА ѕвездите честопати се во центарот на вниманието поради нивното однесување надвор од теренот.

Добар дел од нив се прилично арогантни, но меѓу големите sвезди сепак има некои навистина одлични луѓе. Еден од нив е и Кари Ирвинг. Иако многумина го сметаат за чуден човек, Кари секогаш се обидува да ги воодушеви сите со ситници, а тоа беше случај кога Нетс го посетија Чикаго.

Ирвинг видел момче како продава чоколади, излегол од автобусот и му дал куп пари.

  • Земи за семејство, беа зборовите кои Кари ги упати кон момчето.

Слична работа направи и легендарниот Шекил О’Нил. Тој во една продавница видел како момче купува веренички прстен и решил да го плати.