Иран ја прикажа новата балистичка ракетна технологија

58

Иранската револуционерна гарда денеска ја претстави новата балистичка ракета Раад-500, која е со поголема прецизност и дострел, јави државната телевизија.

Ракетата „Раад-500″ е двојно полесна од сличната балистичка ракета „Фатех-110″, а има дострел подолг за 200 километри. Четвртата генерација на ракетата „Фатех-110″ има дострел од 300 километри.

Револуционерната гарда, исто така, ги презентираше новиот ракетен мотор кој користи цврсто гориво и носач на сателити кој има „подвижна млазна технологија”. Оваа технологија ја зголемува прецизноста на ракетата при погодувањето на целта.

САД обвинуваат дека со ваквите активности, Иран ја прекршува Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, со која се повикува Техеран да не презема активности поврзани со балистички ракети способни за носење нуклеарно оружје.