Иран спречи инспекторка на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да влезе во нуклеарната постројка Натанц поради загриженост дека би можела да носи сомнителен материјал.

Ова денеска го соопшти иранската Организација за атомска енергија.

Опремата за проверка во Натанц алармирала кога инспекторката поминала низ неа и не и било дозволено да влезе, за што МААЕ дополнително била известена.