Иран се нуди да посредува меѓу Курдите и Турците

144

Иран денеска понуди да посредува меѓу сириските Курди, Владата на Дамаск и Турција заради зајакнување на безбедноста по турско-сириската граница.
Повикот на Иран доаѓа по четиридневната турска офанзива во северна Сирија против курдските сили.

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф се осврна на договорот за безбедност од пред 21 година, со кој се бара Дамаск да престане да обезбедува засолниште за членовите на Курдиската работничка партија (ПКК), кои се бореа против турската држава.

Турција тврди дека договорот никогаш не бил спроведен.

„Договорот и натаму е во сила и ова е можеби подобар начин за постигнување безбедност, рече Зариф.

Иран, близок сојузник на сирискиот претседател Башар ал Асад, постојано ја повикува Турција да го почитува територијалниот интегритет на Сирија и да избегне воени судири на североистокот на земјата.