Иран почна ненајавена воена вежба на границата со Турција

46

Во вежбата учествуваат припадници на елитните сили на иранската армија, објави иранската новинска агенција ИСНА

Иранската армија почна ненајавена воена вежба во северозападниот дел од државата, во близина на границата со Турција, јави иранската новинска агенција ИСНА, пренесува Ројтерс.

Според информациите на ИСНА, во вежбата се вклучени припадници на иранските специјални сили за брза реакција, мобилни и офанзивни бригади и хеликоптери на иранската авијација за поддршка на коопнените офанзивни сили.

Вежбата се случува во моменти кога САД ги повлекуваат своите војници од северниот дел на Сирија, а турската армија се подготвува за акција против курдските борци на сириска теротирија.