Иранскиот режисер Асгар Фархади со поддршка за протестите:Признание за храбрите жени во борбата за основни права

142
Иранскиот режисер Асгар Фахади, двократен добитниот на престижниот Оскар повика денес на солидарност кон протестите во Иран организирани поради смртта на Иранката Махса Амини.
„Ги повикувам сите уметници, филмски творци, интелектуалци, активисти за граѓански права низ светот, и сите оние кои веруваат во човечко достоинство и слобода, да изразат солидарност кон храбрите жени и мажи на Иран, наведе режисерот во видео снимка на Инстаграм.

Фархади им оддаде признание на „храбрите жени кои ги предводат протестите“, а кој бараат „основни права кои државата им ги ускратуваше со годнини“.

Протестите се отпочнати на 16 септември во Иран, на денот на смртта во болница на Махса Амини (22), уапсенана 13 септевмри во Техеран порадни „носење непригодна облека“ и непочитување на строгото правило за облекување на мажи и жени.