Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) им дозволи на мажите да учествуваат во групни натпревари во синхронизирано пливање на Олимписките игри. Ова е објавено на веб-страницата на Меѓународната пливачка федерација. Според новите правила, тим од осум спортисти има право да вклучува најмногу двајца мажи. Присуството на мажи во тимот нема да се смета за задолжително.

-Овој настан означува пресвртница во историјата на овој спорт. Еволуцијата кон инклузивност се одвива со брзо темпо, а оваа одлука на ќе ни помогне да дадеме пример за целото Олимписко движење. Подготвени сме, погласно од кога било, да го споделиме олимпиското мото со целиот свет: „Побрзо, повисоко, посилно – заедно“. Водните спортови се разновидни и мажите се покажаа како одлични уметнички пливачи. Вклучувањето на мажите е голема заслуга за сите кои работеа долги години за да се случи ова, стои во реакцијата на претседателот на Светската пливачка федерација, Хусаин Ал Мусалам.

Претходно, мажите можеа да се натпреваруваат само во мешани двојки. За првпат во историјата, синхронизираните пливачи ќе можат да настапат во групни вежби на Олимпијадата во Париз во 2024 година.