Инцидент пред старата Градска болница, интервенирала и полицијата

290

Кај старата градска болница „Св. Наум Охридски“ во центарот на Скопје, вечерва се случил инцидент меѓу две семејства, а интервенирала и полицијата, јави ТВ21

„Во близина на стара Градска болница дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на членови на две семејства при претходно случена сообраќајна незгода во која, според првичните сознанија, било удрено дете“, велат од МВР.

Екипи на МВР се излезени на лице место на увид со цел утврдување на детали околу настанот.