Инцидент на Лејвер куп – Навивач истрча на терен и се самозапали

479
Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Голем инцидент се случи денеска на тенискиот Лејвер Куп во Лондон, кога непознат навивач упадна на теренот, неколку часа пред главниот наста – збогувањето на Роџер Федерер со тенисот.

Навивачот истрча на терен и буквално, се запали. Обезбедувањето брзо интервенираше  и брутално го извади од теренот.

Главен настан е збогувањето на Роџер Федерер нешто по 20 часот. Дотогаш нивните колеги ќе се обидат да постигнат што е можно подобри резултати за европскиот тим, а прв на теренот е Каспер Руд кој игра против Џек Сок.