Инцидент на Комисијата за европски прашања:Жестока кавга меѓу Адеми од ДУИ и опозициските пратеници од ВМРО ДПМНЕ/видео

130

Жестока кавга меѓу претседателот на собраниската комисија за европски прашања и поранешен министер за образование Арбер Адеми со пратениците од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ се гледа на видеоснимката што ја објави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков на социјалната мрежа Фејсбук.

Повод за жестоката кавга, на раб на физичко насилство, беше гласањето на дневниот ред, на кој се најде и Законот за работата на судовите, со кој се предлага работниот век на судиите да се продолжи до 67 години.

No media source currently available

0:000:00:240:01

 

Пратениците од Алијанса за Албанците и од ВМРО-ДПМНЕ се противат на ваквото решение. На снимката се гледа како пратениците Дафина Стојановска и Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ се доближуваат до пултот на Адеми и му го тргаат микрофонот, по што тој го удира Милошоски по рака и фрла шише кон пратениците.

Мистерството за труд и социјала предлага продолжување на работен век на судиите до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

Во видеото кое го објави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојанова се гледа дека кавгата настанала поради утврдување на дневниот ред според кој требало да заседава собраниската комисија.

Опозицијата обвини за насилничко однесување на Адеми.

“Вака се однесува претседателот на КЕП! Понижување, насилство и навреди во Собрание! Македонија наместо Европа стана див запад со “каубоите” од власта”,вели Лефков.

Денеска Собранието имаше набиена агенда со закажани неколку седници.