ИНЦИДЕНТ ВО МОСКВА: Убил двајца зошто му побарале да стави маска/ВИДЕО

83

Две лица загинаа, а тројца се повредени кога маж отвори оган врз државна институција за издавање документи. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин изјави дека напаѓачот е уапсен.

„Сочувство до семејствата на жртвите. Лекарите прават се’ што можат за да им помогнат на повредените“, рече тој.

 


Локалниот весник РБК јавува дека напаѓачот е 45-годишен жител на Москва. Агенцијата ТАСС наведува дека пукањето се случило по расправија околу носење на заштитна маска.

„Посетителот го извадил оружјето и почнал да пука. Во тој момент никој од вработените немал време да го притисне копчето за аларм“, објави агенцијата, повикувајќи се на неименуван полициски извор.

Полицијата соопшти дека загинале еден вработен и еден клиент, а меѓу ранетите има и 10-годишно девојче.

Напаѓачот е приведен во полиција.