“Во рок од месец дена на анонимен прашалник на сајтот на Вондерленд театар, било кој можеше да остави своја приказна поврзана со некаква болка, траума, нешто што го потиснувало, а немал шанса да го сподели и сега има потреба таа приказна да се чуе. Имаше околу 35 сведоштва кои ги добивмне и од нив селектиравме десетина, но ќе направиме и изложба пред почетокот на претставата на која ќе бидат изложени и другите приказни и секој ќе може да ги прочита. Но ние проблемот и од тие сведоштва го третираме во претставата “Работи за кои не зборуваме“, открива режисерката Нела Витошевиќ за весникот ВЕЧЕР

Лични искуства и интимни сведоштва на анонимни лица кои никого нема да го остават рамнодушен, се третираат во најновата престава “Работи за кои не зборуваме“ во режија на Нела Витошевиќ, а кој премиерно ќе биде прикажана на 16 октомври (20 часот), на малата сцена на Македонскиот народен театар. Според Витошевиќ, текстот е многу емотивен, а “приказните се искрени и лесно ќе допрат до публиката“. Инаку, подготовката на претставата, која е копродукција на “Wonderland Тheatre и МНТ, вели режисерката, е започната летово, а составена е од монолозите на актерите, нивни лични искуства, но и на сведоштва добиени од анонимни лица преку анонимен прашалник кој беше објавен на страната на Вондерленд театарот.

“Во рок од месец дена било кој можеше да остави своја приказна поврзана со некаква болка, траума, нешто што го потиснувало, а немал шанса да го сподели и сега има потреба таа приказна да се чуе. Имаше околу 35 сведоштва кои ги добивмне и од нив селектиравме десетина, но ќе направиме и изложба пред почетокот на претставата на која ќе бидат изложени и другите приказни и секој ќе може да ги прочита. Но ние проблемот и од тие сведоштва го третираме во претставата. Од тие материјали направивме текст со документарно драмска структура. И тоа е она што всушност ние и го играме“, открива Витошевиќ за весникот ВЕЧЕР.

Режисерката исто така посочува дека претставата најмногу отвара прашања за патријахално уредување во регионот. “Акцент се става на религиски проблеми, злоставување и насилство, се зборува за трауми од детство и психолошки проблеми со кои секој поединец секојдневно се соочува. Во суштина претставата е критика на балканско патријахално уредување и во најголема мерка го третира женското прашање“. Малата сцена пак, додав, е избрана токму поради тоа што претставата прави “интимна релација меѓу публиката и изведувачите“.

Во претставата играат Драгана Костадиновска, Ивана Павлаковиќ, Сара Климоска,

Никола Настоски и Исмет Шабановиќ. Драматург е Викторија Рангелова – Петровска, сценограф: Васил Христов, костимограф: Роза Трајческа-Ристовска,  користена е музиката на Крсте Роџевски, a инспициент е Никола Кимовски.

“Јас навистина со огромно задоволство работам на овој проект во кој преку современ театарски јазик, сите заедно се трудиме овие теми вистински да допрат до публиката. Во овој проект има извонредна актерска екипа. Со дел од нив соработувам за прв пат и навистина ми е мило што преку овој проект ќе се промовираат на „голема врата“ во најголемиот театар… Нела Витошевиќ, е модерен, авангарден и храбар режисер кој актуелните теми од општеството (заедно со својата екипа) ги разработува на експериментален начин во процесот на креирање на претставата, за на крајот тоа да доведе до одличен театарски продукт, допадлив за секој вид на публика“, вели Кимовски.

Проектот е финансиран од Швајцарска амбасада, а поддржан е и од Министерство за култура на Р. С. Македонија.

Претставата ден претходно ќе има претпремиера, а следната претстава е на 19. октомври. (Д.Т.)