Интер собира пари за да го купи Канте

75

Интер е подготвен да продаде три играчи и заработените пари да ги инвестира во трансферот на играчот за врска на Челзи, Н’голо Канте, објави на својот Твитер познатиот новинар Николо Скира.

Раководните лица на Челзи бараат 60 милиони евра за Французинот, а клубот од Милано е подготвен да се раздели со играчите од средниот ред Жоао Марио, Матиас Весино, а исто така да планира да го продаде или Раџа Најголан или Марсело Брозовиќ.