Интересна теорија: Британците ја разгледуваат можноста за флуоризација на водата

141

Откако врвните британски медицински експерти заклучија дека флуорот го спречува расипувањето на забите, се зема во предвид можноста минералот да се додава во водата за пиење низ Британија, пишува Гардијан.

Крис Вити, поранешен главен научен советник на британската влада и неговиот тим научници од Велс, Шкотска и Северна Ирска, веруваат дека додавањето флуор во резервите на вода ќе го намали расипувањето на забите за 17 проценти кај побогатите деца и до 28 проценти кај сиромашните. Тие веднаш ги отфрлија сите јавни сомневања, велејќи дека нема докази дека „јонизираната форма на елементот флуор предизвикува рак“ и ги негираа дополнителните шпекулации за здравствените ризици.

– Како и за сите работи во медицината и јавното здравство, постои рамнотежа на ризици и придобивки. Општо е познато дека постои проблем со расипување на забите во Обединетото Кралство што треба да се реши. Флуорирањето на водата може да го намали овој веќе утврден проблем“, заклучија лекарите од прегледот на доказите објавени во четвртокот.

Постојат силни научни докази дека флуоризацијата на водата е ефикасна интервенција за намалување на преваленцата на кариес и подобрување на здравјето на забите во Обединетото кралство, кај луѓето од сите општествени слоеви. Овој процес треба да се гледа како комплементарна стратегија – велат научниците.

Кариесот е најголемата причина за хоспитализација на деца на возраст од пет до девет години. Во претходната учебна година, 23,4 проценти од петгодишниците во Англија и 26,5 проценти од четири и петгодишните деца во Шкотска имале оштетени заби.

Научниците тврдат дека флуоризацијата на водата, најверојатно, може да го намали приемот во болница за вадење заб помеѓу 45 и 68 проценти.

Британскиот министер за здравство ќе биде тој што ќе одлучи дали и кога би се почнало со флуоризација на водата во земјата.

„Убаво е да се види како научниците тестираат флуоризација на водата и како таа може да го подобри оралното здравје и да го спречи расипување на забите што несразмерно влијае на ранливите групи“, напиша министерот на Твитер.

Во Англија, само 5,8 милиони луѓе пијат вода со флуор, од кои некои се појавуваат природно. Тоа е почеста појава во други земји, вклучувајќи ги САД, Бразил, Австралија, Канада, Шпанија, Јужна Кореја и Нов Зеланд.

„Секој стоматолог ќе им се заблагодари на научниците што ги препознаа трајните придобивки од флуоризацијата на водата за оралното здравје на нацијата“, рече Еди Крауч, претседател на Британската стоматолошка асоцијација.

– Сепак, овие планови остануваат само теорија, доколку не инвестираме пари и продолжиме да ги подобруваме. Трошењето се исплаќа овде, а министрите мора да покажат дека се подготвени да го искористат моментот и да започнат со работа – рече Крауч, додавајќи дека на Англија „и треба заеднички пристап“.

Ковид 19 спречи милиони да добијат соодветна грижа, а нееднаквоста ќе расте само ако не се согласиме за флуоризација “, заклучи Крауч.