Покрај сите активности и ангажмани јас секогаш наоѓам време и за семејството и за пријателите

Маја АНЧЕВСКА

Пејачка која плени и со глас и стас е токму пејачката Сања Цинцева, а нејзиниот природен изглед кој наликува на Барбика е она што е за пофалба. Нејзината кариера од ден во ден се повеќе и повеќе се изкачува, но не само во нашата држава туку и во соседната Србија. Но, неможе да се занемарат и останатите држави каде често е на турнеи кои за жал во моментов се на пауза поради коронавирусот. Таа секокаш е во тренд и на поле на стајлинг, но и во музиката.  Па така деновиве баш тоа предизвика огремни рекации по објавата на  нејзината најнова песна „Барбика кралица“ која е нешто сосема ново за нашите простори. За истата, но и за многу други работи како што се кариерата, љубовта, пластистичните интервенции таа ни открива во весникот ВЕЧЕР.

Лесно ли е да се стане пејечка  и тоа пејачка со успех и кариера од неколку години зад себе или сепк тој пат е долг и трновит?

– Воопшто не е лесно, да беше сите ќе беа пејачки. Според мене една пејачка покрај природниот талент за пеење мора да поседува и харизма, убаво да изгледа, да е позитивна и енергична, да знае како да се однесува и поставува со луѓе и најважно да има свое јас и да се почитува и цени самата. Дефинитивно воопшто не е лесно посебно кај нас. Мојот пат стварно бил долг со многу препреки, сопки итн. Но, јас сум секогаш борец и секогаш ја постигнувам целта што ја зацртувам.

Често сте активни на социјални мрежи. Дали и во која мера ве смениле новите технологии?

 – Да јас сум активна нели тоа е дел од нашата секојдневност, јас како јавна личност морам да сум во тренд со сите новитети и трендови, така максимално ги искористувам и социалните мрежи. Мене воопшто не ме промениле јас сум секогаш истата, тоа можат да го потврдат луѓето околу мене. Покрај сите активности и ангажмани јас секогаш наоѓам време и за семејството и за пријателите и за мене лично.

Од каде е прекарот Барбика, а воедно и вашиот физички изглед се поистоветува како совршен кој налику токму на барбика?

– Барбика прекарот го добив откако прв пат излегов на фестивал 2007 година на Роса фест наредниот ден бев објавена на насловни страна на повеќе списанија со наслов струмичката Барбика.

Во што лежи тајната на безвременска убавина и дали сте поддржувач или не на пластичните интервенции?

– Тајната на безвремената убавина лежи во мајка природа. Се што гледате на мене е природно. Немам ништо против пластичните интервенции, ги поддржувам оние кои што го направиле тој чекор. Сепак денес медицината е многу напредна и не е штета ако се користи разумно. Сепак убавината не е нешто едноставно и не секој ја има. Затоа не е исклучена можноста некогаш во иднина ако има потреба и јас да се решам на тој чекор.

Од каде идеа да се внесе еден нов стил од поп и фолк звуци во најновта нумера „Барбика кралица“ која што е во соработка со Џамбо Агушеви? Можеби малку да излеземе од вообичаениот колосек и до се доближиме кон нешто што сеуште не е видено на нашите простори?

– Како и секогаш јас сум во тек со сите најнови трендови дури и на светско ниво. Анализирајќи што е она што недостига на нашата Балканска естрада се решив на овој чекор. Сакав да внесам свежина, да разбијам монотонија и свесна бев дека ќе имаме нешто уникатно и оргинално. Во исто време знаев дека кај дел од слушателите ќе наидеме на хејтање затоа што не се навикнати на нешто ново, но морав да го скршам мразот и еден ден да се гордеам дека јас и Џамбо бевме тие кои воведоа нови стандарди. Затоа и многу не сум загрижена за хејтерите, тие само ми даваат дополнителна мотивација и креативност

За истата имаше многу познитвни, но и хејтерски коментари. Дали баш оние лошите коментари те мотивираат уште повеќе да отстапуваш од нашата сцена па можеби и еден ден со некој МС да направиш дует?

– Да како што кажав и претходно добивам мотивација и тоа голема од хејтерите и стојам зад тоа еден ден со тек на време стилот што го промовира Барби ќе биде тренд и хит. Барби од секогаш е пред времето, па така и сега. А за можна соработка да се разбира дека е опција, има засега некои преговори но, да оставиме малце време да помине. Ако сметам дека нештото ќе е по мој вкус се разбира дека ќе одам на нов чекор.

Дали љубовта и кариета одат заедно или е тешко да се најде некој кој што ќе има разбирање за твојата професија и многубројните обожаватели?

–  Се разбира дека одат заедно, со вистинска личност се е возможно. Кога човек е во ваква професија навистина е тешко да најдеш личност според себе, има многу удварачи и обожователи, но за личност според себе треба време, а јас не се брзам. Си ја сакам професијата и знам дека ќе имам покрај мене личност што ќе ме поддржува, што ќе е со мене и што ќе има разбирање.