Интервју Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија: Се прилагодивме на новото нормално, сега мора да бидеме сигурни дека патниците се чувствуваат безбедно

Двата скопски аеродрома, скопскиот и охридскиот, беа затворени за комерцијални летови од средината на март до почетокот на јули, за потоа да работат по нови правила и со драстично редуцирани летови што ги наметна пандемијата. Ерсој вели дека оваа криза му нанела огромен удар на авијацискиот бизнис, воопшто, а последиците ќе се чувствуваат и во наредните години. Сепак, очекува 2021 година да биде година на закрепнување. Оптимист е дека ситуацијата полека но сигурно ќе се врати во нормала, дека луѓето ќе ги почитуваат личните заштитни мерки и повторно во голема мера ќе го користат воздушниот сообраќај како најбезбеден вид на превоз

240

По три ипол месеци неработење повторно се отворени за комерцијални летови двата македонски аеродрома. Каков е прометот на аеродромите во споредба со претходниот период и дали сте задоволни со оглед на ситуацијта?

-Авијацијата е најнегативно погодениот сектор од КОВИД-19 низ светот. Во изминатите 20 години имаше неколку глобални кризи – терористичките напади на 11.9.2001 година, војни, инфекциикако САРС и МЕРС, финансиска криза во 2009 година, вулкански ерупции во 2010 година, но ниту една криза немаше толку огромно влијание врз цели општества, како што е кризата предизвикана од ковид-19. Првпат, државите ги затворија своите граници, летовите беа запрени, а авиокомпаниите ги приземјија своите авиони, освен за карго-летовите и летовите за репатријација. Оваа криза му нанесе огромен удар на авијацискиот бизнис низ светот, штетите допрва ќе се пресметуваат, а последиците, со сигурност, ќе се чувствуваат и во наредните неколку години. Како резултат на тоа, ова се тешки времиња за македонските аеродроми. Само во април имавме пад на бројот на патници од 90 отсто. Од средината на март до 1 јули немавме комерцијални патнички летови, имавме само патници од летовите за репатријација. Затоа, падот на бројот на патници и летови за 3,5 месеци додека бевме затворени е драстичен. Ако ги погледнеме резултатите за првите шест месеци,од јануари до јуни 2020 година, забележавме намалување од 63% на бројот на патници и намалување на бројот на летови за 58%, вооднос на истиот период во 2019 година. На почетокот од 2020 година, пред кризата, бројките за воздушниот сообраќај, беа одлични. На двата аеродрома, во Скопје и во Охрид, имавме зголемување на бројот на патници за 15%, но целосното затворање на нашите аеродроми ја намали оваа бројка. Како резултат на ограничувањата за патување во земјите на ЕУ за граѓаните кои не се жители на ЕУ, од 1 јули откако отворивме, се врати само 25 проценти одсообраќајот и најголем дел од патниците се патници кои пристигнуваат.

Сега има нови протоколи за влез и престој во аеродромската зграда поврзани со дезинфекција, носење заштитни маски, држење растојание, чистење… Како Вие како човек од авиобизнисот  ја доживувате  „новата нормалност“ на аеродромите?

-Авијацијата е строго регулирана индустрија, управувана според меѓународни стандарди и процедури, во согласност со глобалната природа на бизнисот. Затоа, можеме брзо да се прилагодиме на секоја нова регулатива, како што беше случај многу пати во минатото, кога безбедносните мерки еволуираа. Ние внимателно ги следевме дискусиите и развојот на настаните поврзани со мерките за заштита од ковид-19, кои требаше да се преземат на аеродромите и брзо ги спроведовме оние што ги препорачаа меѓународните и локалните воздухопловни тела и здравствените власти. Нашиот персонал е добро обучен. Имаме блиска соработка со авиокомпаниите и другите засегнати страни. Затоа, како аеродроми, ние сме веќе прилагодени на „новото нормално“. Сега, мора да бидеме сигурни дека патниците се чувствуваат безбедно и ги почитуваат новите протоколи.

Дали патниците лесно се навикнаа на новите протоколи, особено на тоа дека треба да пристигнат три часа порано, а оние кои ги испраќаат или дочекуваат да останат надвор од аеродромската зграда. Има ли проблеми и ако има како се решаваат?

-Сите овие мерки се преземени според препораките на националните и меѓународните институции, со цел луѓето да бидат безбедни и здрави и да се спречи ширењето на вирусот ковид-19. Досега, немавме никаков проблем, благодарение на нашите патници и оние кои ги испраќаат и пречекуваат, бидејќи сите ги следат препораките, и на скопскиот и на охридскиот аеродром. Дополнително, со информирање на јавноста навреме, преку медиумите, нашите страници на социјалните мрежи, нашите веб-страници и сите други наши канали за комуникација, успеавме да ја информираме јавноста за мерките на аеродромите.

На аеродромите се поставени термални камери за мерење на температурата на патниците. Како што е најавено, имате и соби за изолација во кои медицински екипи можат да вршат тестирања за ковид-19. Имало ли досега патник со покачена температура или позитивен на вирусот? Како им се компензира авиобилетот на патниците кои ќе го испуштат летот поради покачена телесна температура?

-Имапо две термални камери надве позиции на аеродромите. Едната ја  постави Министерството за здравство, на самата државна граница, при пристигнување во државата. Преку неа, сите патници коислетуваат на аеродромите во Скопје и Охрид,се проверуваат дали имаат температура, од страна на лекари од Министерството за здравство. Просториите за изолација споменати во медиумите се во овој дел од аеродромот, на влез во државата. Ние ѝ ги обезбедивме овие простории на државата, со цел изолирање на суспектни патници при нивниот влез во Македонија. Во вакви случаи, медицински екипи од Министерството за здравство пристигнуваат од градот за да ги тестираат патниците и потоа тие одлучуваат што понатаму – дали патниците ќе бидат пренесени во болница, пуштени итн. Сето објаснето досега е во надлежност на Министерството за здравство. Втората термална камера, која ние како ТАВ Македонија ја купивме и ја поставивме, е со цел контрола при заминување на патницитеод аеродромите во Скопје и Охрид. Таа се наоѓа на самиот влез на двата аеродрома. Во Скопје е на влезотод терминалната зграда „Departures C“, којшто е единствениот отворен влез во моментот, со цел да се спречат суспектни патници да влезат во аеродромот и да го шират вирусот. Со оваа термална камера управуваат наши вработени и доколку патникот има покачена телесна температура, не смее да влезе во зградата на терминалот. Поставувањето на термална камера на оваа позиција на двата аеродрома е мерка што ние како ТАВ Македонија ја воведовме, како дел од нашиот нов аеродромски протокол за управување во време на пандемија. Во врска со тоа што се случува ако на патникот не му се дозволи да патува  поради покачена телесна температура, најдобро е да ги прашате авиокомпаниите, бидејќи секоја од нив има специфични услови и правила за патување. Секој патник ги прифаќа истите, кога ќе го купи авиобилетот. Она што е заеднички принцип за сите чинители во авијацискиот сектор како целина, по појавувањето на глобалната пандемија, е дека ниту една компанија – аеродром или авиокомпанија, не сака да ризикува прифаќајќи потенцијално болен патник во своите простории, затоа што тоа го загрозува здравјето и безбедноста на другите патници и на персоналот, што на крајот може да го наруши целиот процес на работа. Затоа, превентивните мерки за заштита од ковид-19, воведени од сите чинители во авијацијата, се многу строги.

Според новите протоколи, патниците немаат никаков контакт со вработените на аеродромот. Тие сега треба да покажат отпечатен билет или билет на мобилниот телефон и самите да го поминат пасошот на фиксниот читач на шалтерите. Што ако не можат да се снајдат?

-Патниците треба да го покажат авиобилетот на нашиот персонал, на влезот од зградата на аеродромот, на мониторотоднивните телефони или пак отпечатена верзија на авиобилетот. Целта е да се избегне физички контакт меѓу патниците и персоналот. Истото важи и за постапката кај Шалтерите за регистрација – патниците го покажуваат авиобилетот преку транспарентниот сепаратор на шалтерот, и нашиот персонал ќе го види и провери. Следно,  патниците треба да ги поминат пасошите на фиксираниот читач на шалтерот, ипродолжуваат понатаму. Свесни сме дека овие нови правила може да создадат стрес за патниците, како и секоја друга новина, но станува збор за многу едноставна процедура и веруваме дека за кратко време луѓето ќе се прилагодат. На ист начин како што се прилагодија на автоматизираното плаќање паркинг или на електронското плаќање со платежна картичка кое се применува во продавниците наместо готовина. Се разбира, нашите вработени се тука, секогаш подготвени да им помогнат на сите патници. Како аеродромски оператор ние сакаме да услужиме што поголем број патници, помагајќи им да ги продолжат своите патувања и да стигнат до нивните крајни дестинации.

Аеродромот „Свети апостол Павле“ главно го користат туристите кои доаѓаат на одмор во Охрид. Какви се Вашите планови со овој аеродром додека трае пандемијата?

– Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ во изминатите 10 години се соочуваше со брз развој на мрежата на авиолинии и иако во минатото, пред влезот на ТАВ на македонскиот пазар, охридскиот аеродром беше познат како аеродром само за летната сезона, во изминатите пет години успеавме да донесеме нови авиокомпании и туроператори, кои редовно летаа и преку целата година, и сезонски, во периодот од април до октомври. Значи, дури и летовите нареченисезонски, беа функционални на аеродромот цели 8 месеци, од вкупно 12 месеци во годината. До почетокот на глобалната пандемија со КОВИД-19, на аеродромот во Охрид опслужувавме 22 дестинации (8 редовни во текот на целата година и 14 сезонски), со 13 авиокомпании. Со повторното отворање на охридскиот аеродром, на 1 јули, во функција се авиолиниите од Охрид до Лондон (Лутон), Базел и Дортмунд. Од 1 август – ќе бидат повторно отворени дестинациите Виена и Малме, додека од 19 август ќе продолжат операциите до Милано и Меминген, според најавите на авиокомпаниите.

Поради препораките помалку да се патува, а и стравот од патување поради вирусот, годинава дефинитивно и скопскиот аеродром ќе има многу помалку патници од претходно. Лани на овој аеродром беа регистрирани над два милиона патници. Во новава ситуација со колку би биле задоволни?

-Во 2020 година, дефинитивно ќе имаме пад на вкупниот број на патници во однос на 2019 година и претходните години, кога имавме двоцифрено зголемување на број на патници на годишно ниво.Сè уште не знаеме како ќе се развива здравствената криза во наредните месеци, дали македонските граѓани ќе можат да патуваат во земјите на ЕУ, или не, дали земјата ќе се соочи со нови ограничувања поврзани со патувањето во други земји од регионот и во целиот свет. Дури и сега, по повторното отворање на двата аеродрома, ние сме свесни дека треба да ги намалиме предвидените очекувања за крајот на оваа година, но исто така да бидеме подготвени дека следната 2021 година ќе биде година на закрепнување. Јас сум оптимист дека ситуацијата полека, но сигурно ќе се врати во нормала, дека луѓето ќе ги почитуваат личните заштитни мерки и повторно во голема мера ќе го користат воздушниот сообраќај како најбезбеден вид на превоз. Како и да е, со оглед на глобалниот развој на настаните во авијацијата, кој многу внимателно го следиме како дел од групацијата ТАВ Аеродроми, истовремено имајќи ги предвид карактеристиките на локалниот пазар, нашата главна цел оваа година е да ја преживееме кризата, да го одржиме бизнисот жив.

До крајот на минатата година скопскиот аеродром опслужуваше 44 дестинации на кои сообраќаа 13 авиокомпании, а охридскиот 22 дестинации со седум редовни линии со исто така 13 авиокомпании. Што очекувате годинава?

-Оваа криза ни покажа дека е неблагодарно да се прават проекции од аспект на бројки, затоа што ситуацијата низ светот брзо се менува. Од повторното отворање на двата аеродрома, на 1 јули, авиокомпаниите секојдневно прават промени во нивниот распоред на летови, а тие одлуки не зависат од нас како аеродромски оператор туку од глобалниот развој на настаните во авијацијата, од внатрешните одлуки на авиокомпаниите и нивната финансиска моќ да се справат со ударот на оваа криза, како и од ограничувањата поради ковид-19 наметнати од земјите-членки на ЕУ кон земјите кои не се во Шенген-зоната, каква што е Македонија, а врз основа на бројот на заразени лица. Како аеродромски оператор правиме сè што можеме за да им обезбедиме и на авиокомпаниите и на патниците најдобра можна услуга, во здрава и безбеднасредина.

Пандемијата Ви наметна нови трошоци за да можат да се реализираат неопходните протоколи за заштита на здравјто на патниците и вработените во услови кога немавте приходи бидејќи аеродромите беа затворени. Како се справивте со оваа ситуација?

– ТАВ Македонија во изминатите 10 години инвестираше многу во развојот на воздушниот сообраќај во земјата, којшто достигна многу стабилно ниво и стана одржлив на долг рок. Оваа цел ја остваривме со поддршка од Владата, како наш партнер, но фактот што сме дел од многу моќниот меѓународен холдинг, ТАВ Аеродроми ни даде дополнителна стимулацијаза да се справиме со идните предизвици. Од почетокот на кризата со ковид-19, добиваме постојана поддршка од нашата мајка компанија – ТАВ Аеродроми, заедно со нивното знаење и споделените информации за најдобрите практики кои ги применуваат аеродромите низ светот, бидејќи сите тие се справуваат со ударот кој врз нивниот бизнис го предизвика кризата со коронавирусот.

Дали ТАВ Македонија планира да ги поскапи услугите или да отпушта вработени со оглед на повеќемесечното неработење на аеродромите и очекуваниот намален обем на работа?

-Се обидуваме да ја управуваме компанијата каква што е, со редовни исплати кон сите засегнати страни, вклучувајќи ги и нашите вработени, иако во периодот додека бевме затворени имавме нула приходи, а сега нашите приходи се многу намалени заради намалениот воздушен сообраќај.

Поради очигледниот неминовен пад на приходите дали побаравте некоја помош од Владата, или дали искористивте некоја од антикризните мерки?

– Со оглед на фактот дека немавме приходи, а нашитефинансискиобврскисèуштестоејавомесецитедодекабевмезатворени, аплициравме за меркитенаВладата,гиисполнивмеусловите и искористивмеделодсубвенциите, во согласност сопропишанитеправила.

ТАВ Македонија, која стопанисува со двата македонски аеродрома, е само дел од групацијата ТАВ која управува со 14 аеродроми. Колку целата групација е погодена од кризата што ги погоди сите аеродроми во светот?

-ТАВ Аеродроми управува со 14 аеродроми (2 во Македонија; 6 во Турција; 2 во Грузија; 2 во Тунис; 1 во Саудиска Арабија; 1 во Хрватска), додека заедно со својот француски мнозински акционер, AéroportsdeParis (ADP) групацијата управува со вкупно 100 аеродроми во 30 земји во светот.Ковид-19 е сериозен удар за сите аеродроми во нашата групација. Секој пазар/држава има свои специфики, сите држави се соочија со затворање на аеродромите приближно во исто време во март, но повторното отворање и продолжувањето на аеродромските операции кај сите се случи во различни временски периоди, во зависност од влијанието што пандемијата го имаше врз тој регион и одлуките на локалните власти и воздухопловни органи. Се разбира, можноста за слободно патување на граѓаните од секоја држава и/или какви било ограничувања со кои луѓето можат да се соочат за влез во одредени земји, игра важна улога во процесот на закрепнување на воздушниот сообраќај.

Светлана Вукчевиќ