„Pефлексии на новата реалност“ е наслов на шестата по ред самостојна изложба на Лазе Трипков, која на 19 октомври (19 ч), ќе биде отворена во Мала станица.

Изложбата се осврнува кон приоритетните проблеми на новото време. За време на изолација во април 2020,  Трипков започна со својот визуелен проект под наслов „Изолациско расположение – креативни рефлексии“ кој привлече внимание и во државата, но и пошироко, а делата беа изложени во неколку држави.

„Сите плакати или визуелни размислувања се лична рефлексија и се одраз на лични доживувања. Доминираат пејзажите, можеби поради карантинот, а има многу колажи и колажни експресии кои имаат за цел да го манифестираат ставот на Трипков кон изолацијата и дополнитeлно да помогнат во артикулацијата на неговиот личен развој како визуелен уметник…“, се вели во најавата за изложбата.