Интензивно се работи на реконструкција на улицата „15 Корпус“ во Охрид

135

Градежните активности за реконструкција на преостанатиот дел од улицата „15 Корпус“ се интензивираат, а тешка градежна механизација работи трисменски, дури и во ноќните часови за да се избегнат поголеми прекини во одвивањето на сообраќајот.

Моментално се гребе горниот површински слој на стариот асфалт од сообраќајницата, која е доста фреквентна оттаму што се работи за излез од Охрид кон индустриската зона, повеќе населени приградски населби, како и излез на магистралниот пат А3 во насока кон Ресен и Битола.

Претходно се вршеше асфалтирање и уредување на тротоарите, се постави нова атмосферска канализација и се работеше на нови приклучоци на водоводната линија.

Според најавите од Општина Охрид се очекува градежните зафати на делницата да бидат завршени некаде до крајот на идниот месец.

Извор: МИА