Интензивно се гради паркот во срцето на Мичурин

440

Општина Аеродром интензивно работи на изградба на паркот што се наоѓа во срцето на Мичурин.

Како што информираат од Општината, жителите ќе добијат модерно уредено место со тревни површини, патеки, клупи за одмор, детско катче со лулашки, како и спортско игралиште.

Вавки места за одмор и рекреација ќе продолжат да се градат и на други локации, велат општинските власти.