Интегрални мафини со тиква

312

За ужина, за пауза на работа, или наместо вечера со чаша чај од билен чај, овие мафини се вистински празник за оние кои сакаат здрави оброци. Лесни, воздушести и со неодолив мирис од комбинацијата на зачини.

Потребно е:

  • 1/2 шолја растопен путер од кокос или ладно цедено маслиново масло
  • 1/2 шолја мед или јаворов сируп
  • 2 јајца, на собна температура
  • 1 шолја пире од тиква
  • 1/4 шолја млеко по желба
  • 2 лажичиња мешан зачин – 1 лажиче мелен цимет, 1/2 лажиче мелен ѓумбир, 1/4 лажиче мелено морско оревче и 1/3 лажиче каранфилче
  • 1/2 лажиче сол
  • 1 3/4 шолја интегрално брашно
  • 1/3 шолја овесни снегулки
  • по желба две лажици турбинадо шеќер, за крцкав, благ ефект

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 170 степени Целзиусови. Намастете ги калапите за мафини со путер.

Во голем сад, изматете ги путерот (маслото) и јаворовиот сируп (медот), потоа додадете ги јајцата и убаво матете. Додадете ги пирето од тиква, млекото, зачините, прашокот за печиво, екстрактот од ванила и солта.

Измешајте ги брашното и овесните снегулки во посебен сад, а потоа додадете ги во останатата смеса. Поделете го тестото во калапите за мафини. Одозгора наросете со лажица овесни снегулки, зрнца кафеав шеќер или со мешавината од зачини.
Печете ги мафините 20-25 минути.

Највкусни се кога се јадат малку изладени. Слободно можат да стојат на собна температура до два дена, или до четири дена во фрижидер.