Интегрални емпанади полнети со тиква

118

Емпанадите се солени или слатки полнети печива кои обично се поврзуваа со кулинарската традиција на Латинска Америка, а всушност, поткнуваа од Шпанија и Португлаија, ама се горе-долу популарни во изменет облик и во многу ориентални земји, како и во земјите на југот на Европа.

Потребно е:

За тестото

  • 200 г интегрално брашно
  • 50 г бело пченично брашно
  • 150 г студен путер
  • 1 лажиче сол
  • 1 јајце
  • 3 лажици јогурт
  • За полнењето
  • околу 300 г пасирана печена тиква
  • 1 мал кромид
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажичка сечкани свежи зачини
  • на врв од лажичето мускатно оревче
  • сол, црн пипер
  • 130-150 г сирење

За премачкување

  • 1 јајце со лажица вода

Приготвување:

Измешате ги брашното, солта, црниот пипер и путерот исечен на ливчиња и направете ронлива маса . Во посебна чинија изматете го јајцето со јогуртот, и додадете ги брашното и путерот, мешајте со прсти додека да добиете компактно тесто, ама немојте уште да го месеци. Брзо ќе се формира тесто. Направете топка и замотајте ја во проѕирна фолија. Оставете да одмори во фрижидер 15 минути.

Додека да го направите полнењето. Пропржете го кромидот на маслиновото масло, спојте го со испасираната тиква, додадете свежи зачини, црвениот пипер, мускатното оревче, сол и црн пипер. Сирењето исечкајте го на ливчиња или коцкички. Со оклагија расукате тесто и вадете кругови од тестот со калап или чаша и полнете ги внимателно да не истече филот. Притискате ги краевите прво со прсти, а потоа притиснете со вилушка.

Редете ги во плех обложен со хартија за печење. Пред печењето премачкајте ги со разматената жолчка. Наросете со сусам и печете ги 25-30 минути. Најдобро е да ги пробате топли, ама може да се служат и студени!