Иако требаше да добие зелено светло уште во февруари, законот за попис заглави на „Илинденска“ и никако да помине на владина седница. Дали пролонгирањето на неговото донесување значи дека Заев и Ахмети не можат да се договорат, со оглед на политичката ситуација во земјава? Дали и пописот кој е статистичка операција, ќе стане предмет на политички договор?

-Донесувањето на законот за попис заглави поради некои технички проблеми, кои според моите информации сега се надминати. Очекувам дека веќе во вторник законот ќе се најде на владина седница и дека истиот ќе биде усвоен. Проблемот не беше само самиот закон и недоразбирањата кои ги имало, овој период беше мошне интензивен и од други работи, имавме претседателски избори.  Во текот на кампањата наша беше иницијативата законот да не биде на дневен ред за да не се злоупотреби во политичката кампања, и сега во вторник очекувам да биде усвоен без никаков проблем.

Можен ли е попис без политички притисоци,последниот заврши неславно, а нов е неопходен, имајќи го во предвиди притисокот од страна на Европската Унија, која бара од земјите-кандидатки да утврдат точен број на населението и домаќинствата?

– Пописот, пред сè, е потребен за нас во државата. Ние веќе 17 години немаме податоци од попис, и кој било субјект во државата не може да носи развојни планови и стратегии без податоци. Ние тие податоци  ги немаме, а се многу битни за државата и за развојните планови кои ги носии не може ништо да планирате и да спроведете ако немате квалитетни информации. За жал, ние сега ги немаме тие информации така што пописот ни е нам неопходен. Секако, треба да се имаат податоци и на глобално ниво за населението и неговата структура и овие податоци се потребни не само на ЕУРОСТАТ туку и на Обединетите нации.

(целото интервју во утрешното издание на весникот „Вечер“)