Инстаграм ги прифати барањата на корисниците: Конечно воведена нова опција

174

Рака на срце, ова беше возможно и досега, но само при користење на апликацијата од телефонот. Од 21 октомври стана официјално возможна опција – сега корисниците ширум светот можат да објавуваат фотографии и кратки видеа (до една минута) од нивните прелистувачи на компјутери.

И корисниците на мобилни телефони добија многу нови функции. Опцијата Collab тест е достапна од 19 октомври и им овозможува на две лица заедно да уредуваат објави. Сè што треба да направите е да поканите некој да го направи тоа.

Ова ќе им овозможи на следбениците на двете лица да ги погледнат тие објави, коментари и лајкови. Ова може значително да ја зголеми видливоста на објавите, особено оние поврзани со бизнисот.

Од 20 октомври, достапна е и опција за тестирање што овозможува започнување на непрофитни кампањи за собирање средства. Новите аудио ефекти се достапни од 21 октомври, вклучително и Superbeat (специјален ефект кој се синхронизира со ритамот), како и Dynamic Lyrics (3D текст што ја придружува песната).