Инстаграм воведува „тивок режим“ – нова опција по критиките за апликацијата

139
Фото: ENERGEPIC.COM - Pexels

Минатата недела Instagram објави нови опции кои треба да овозможат подобро управување со содржината што им се прикажува на корисниците и да овозможат стишување на известувањата. Првата промена, јасно е, беше поради притисокот врз платформата поради начинот на кој оваа мрежа влијае на тинејџерите, што беше откриено благодарение на свиркачот и поранешна вработена во компанијата Frances Haugen.

Новата функција ќе се вика „тивок режим“, а целта е да им помогне на корисниците да се одморат од апликацијата. Кога ќе ја активирате оваа функција, ќе ги замолчите дојдовните известувања и вашите следбеници кои ќе се обидат да контактираат со вас ќе добијат автоматска порака во која се вели дека моментално не сте активни на апликацијата.

Оваа опција ќе им овозможи на корисниците да ги сокријат сите објави со одредени термини кои не сакаат да се прикажуваат – на пр. оние кои ги содржат термините „диета“, „слабеење“ и слично затоа што ваквите објави често имаат негативно влијание врз нив. Освен срам од сопствениот изглед (што ја влошува психичката состојба на младите), ваквите објави може да содржат и совети опасни по здравјето, пренесува Zimo.

Што се однесува до помладата популација, Instagram е исклучително популарен меѓу нив, па со користење на тивкиот режим, корисниците ќе можат да направат пореална пауза за да учат, да спијат или да прават нешто друго што не е поврзано со мобилниот телефон. Откако ќе ја исклучите оваа опција, апликацијата ќе ви понуди резиме на она што сте го пропуштиле за време на паузата за да не пропуштите важни работи.

Тивкиот режим најпрво ќе биде достапен за корисниците во САД, Обединетото Кралство, Ирска, Канада, Австралија и Нов Зеланд, а Инстаграм вели дека наскоро ќе ја воведе опцијата во уште повеќе земји.

Ова е само една од неколкуте промени што ги воведува Instagram, а тие вклучуваат проширени алатки за родителска контрола и алатки за управување со упатување. Компанијата додаде и неколку безбедносни карактеристики, вклучувајќи ги и оние кои ја штитат приватноста на тинејџерите и го намалуваат несаканиот контакт со возрасните.