„Инкубатор“: Повик за млади уметници за танц, музика и визуелни уметности

97

„Инкубатор“ програмата за култура објави нов отворен повик за аудиција во областа на три категории – современ танц, музика и визуелни уметности, кој трае до 12 следниот месец, а аплицирањето се врши на www.inkubator.com.mk/apliciraj/.

Пријавените кандидати – танчари, треба да имаат претходно познавање од современ танц, а аудицијата ќе се одржи во форма на класичен час, со импровизација на тема која ќе се постави за време на самата аудиција. Заинтересираните музичари, пак, треба да аплицираат со своја кратка, оригинална композиција во траење до најмногу четири минути, а кандидатите претходно треба да имаат соодветна подготовка да творат оригинална музика. Визуелните уметници треба да аплицираат со кратка биографија и фотографии од најмалку две, а најмногу четири лични дела.

Селектираните „Инкубатор“ уметници ќе бидат вклучени во продукциите на Интерарт културниот центар и Скопје танцовиот театар, кои ќе бидат прикажани на годинашниот Интернационалниот фестивал Танц Фест, како и во месец мај на повеќе сцени во Скопје и низ републиката. Аудициите ќе се одржат на 14 март, во просториите на Сцена Зебра и тоа во 11 часот за музичка продукција, во 12 за современ танц и во 14 за визуелни уметности.