Инженерското чудо во центарот на Шангај: НАЈГОЛЕМИОТ сообраќаен спирален мост во светот/ВИДЕО

101

Во центарот на Шангај има мост на реката Хауангпу наречен Нанпу, кој е посебен бидејќи е најголемиот спирален мост во светот.

Ноќе, кога светлата се палат, изгледа како златен змеј кој лета над реката.

Во инженерското чудо, кое беше завршено во 1991 година, беа вложени 820 милиони јуани, а тој е најголемиот мост во Азија и трет во светот.

Тогашниот кинески претседател Денг Ксијаопинг лично го напишал името на мостот на главниот носач. 

Мостот е долг неверојатни 9.346 метри и е поделен на шест ленти за патнички сообраќај со капацитет од 4,5 до 5 милиони возила за само еден ден.

Од двете страни има тротоари широки два метри, што им овозможува на пешаците да го поминат мостот и да го видат градот.

Посетителите можат да се качат со лифтот до главниот мост и да уживаат во прекрасната глетка на реката Хуангпо.