Индустријата „вработува“ милион роботи

78

Најновите податоци покажуваат дека има дури еден милион роботи кои работат во фабриките ширум светот, што е една третина од сите роботи ангажирани во индустријата, покажуваат податоците на Меѓународната федерација за роботика (IFR).

„Автомобилската индустрија всушност го измисли автоматското производство“, вели Марина Бил, претседател на федерацијата.

„Денес роботите играат клучна улога во овозможувањето на транзицијата на оваа индустрија од мотори со внатрешно согорување на електрична енергија. Роботската автоматизација им помага на производителите на автомобили да управуваат со големопродажните промени во долготрајните производствени методи и технологии.

Таканаречената фреквенција на примена на роботи го покажува нивото на автоматизација во индустриското производство.

Најголема фрекфенција има во Кореја, каде што работат 2.867 роботи на секои 10.000 работници. На второ место е Германија со 1.500 роботи, додека САД се на трето место со 1.457 роботи. Јапонија е многу блиску со 1.422 роботи, додека Кина е малку подалеку, на петтото место, со само 772 роботи.

Сепак, Кина се приближува со огромна брзина. Во текот на 2021 година речиси го удвои бројот на активни роботи со инсталирање на 61.598 роботи, што е 52 отсто од вкупно инсталираните 119.405 роботи во таа година во светот.