Музичкиот фестивал „Здраво млади“ и оваа година со многубројни музички предизвици од страна на реномирани музички имиња.

Десеттото издание на фестивалот на независна музика ќе се одржи на 27 август на летната сцена зад Младински културен центар во Скопје, што беше отворена лани.

Данските легенди на инди-рокот „Ефтеркланг“ се првото име најавено од организаторите на овој фестивал кои по објавувањето на петтиот студиски албум се здобија со критика за најдобар досегашен албум.

(М.А)